A macedóniai Radovis község honlapja beszámolót közöl arról,
hogy megkezdődtek az idei Aco Kamanov költészeti találkozó programjai.
*
Започнаа традиционалните „Караманови поетски средби“
Започнаа традиционалните
„Караманови поетски средби“ во чест на македонскиот поет и револуционер Ацо
Караманов, кој оваа година по 44 пат се одржуваат во Радовиш.
Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во присуство на голем број на
гости и поети вчера се одржа промоција на Роднокрајни писателски објави, а беа
промовирани поетските книги „Камчето од Вардар“ од Ерол Туфан, и „Боите Боемика
и јас“ од Павлина Кошевец, промотор на двете книги беше Борче Панов.
Манифестацијата беше збогатена со поетско музички перформанс
од Јовица Илиќ, поздравно обраќање до присутните поети и гости имаше
претседателот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчиев.
Програмата продолжува вечерва во 18.00 часот во Центарот за
култура „Ацо Караманов“ каде што и ќе биде доделена наградата „Караманов 2017“.
Nincsenek megjegyzések:
Megjegyzés küldése