2018. november 13., kedd

УНГАРСКА НОВИНАРКА: Груевски и Орбан имаат блиски врски, во следните денови ќе знаеме што ќе се случи

A macedón Faktor című lap internetes honlapján közli Szanja Atanaszovszka írását Nikola Gruevszki, korábbi macedón miniszterelnök Magyarországra történt szökéséről. A cikkben megszólal Őry Mariann is.

*

УНГАРСКА НОВИНАРКА: Груевски и Орбан имаат блиски врски, во следните денови ќе знаеме што ќе се случи

Mислам дека ова е прв ваков случај во последните пет години или повеќе, вели унгарската новинарка Мариан Ори, која работи во конзервативниот унгарски весник Magyar Hírlap, за барањето на азил на македонскиот пратеник и екс премиер, Никола Груевски. Taa вели дека во идните денови ќе се знае како ќе постапи нивната Влада, и нивните власти, но потсетува дека нашиот екс премиер и нивниот премиер, Виктор Орбан имаат идентични ставови за повеќе прашања.
„Ние уште ништо не знаеме што вели нашата Влада, и што властите ќе соопштат, но сигурна сум дека ќе знаеме повеќе во следните неколку дена. Она што со сигурност го знаеме е дека вашиот Груевски и нашиот премиер Виктор Орбан имаат блиски врски, и дека Орбан лично ја поддржа кампањата за изборите на ВМРО-ДПМНЕ. Се согласуваат за важноста на борбата против Сорос и соработката со Македонија против миграцијата беше одлична во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели таа.
Додава дека четири години веќе пишува за состојбите во Македонија и предупредува дека она што се случило со активностите на невладините организации во Сорос во Македонија, според неа, треба да бидат знак за предупредување и за Унгарија. Таа е добар познавач на македонската политика, интервјуирала повеќе македонски министри и шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Груевски на Фејсбук напиша дека е во Унгарија, и дека ќе бара азил затоа што добивал закани по живот. Во постот наведе дека ќе се бори за македонската кауза.
Тој се бара со потерница за да одлежи две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот мерцедес.

Сања Атанасовска

(Faktor, 2018. november 13.)

Őry Mariann

Nincsenek megjegyzések:

Megjegyzés küldése