A következő címkéjű bejegyzések mutatása: ivan_hrisztov. Összes bejegyzés megjelenítése
A következő címkéjű bejegyzések mutatása: ivan_hrisztov. Összes bejegyzés megjelenítése

2025. február 21., péntek

„Софийските метафори“ гостуваха на Българския културен институт в Будапеща

A BTA, vagyis a bolgár nemzeti hírügynökség jelentést tesz közzé az előző esti budapesti programról.

*

„Софийските метафори“ гостуваха на Българския културен институт в Будапеща

Поетите и музиканти Петър Чухов и Иван Христов от екипа на Международния поетичен фестивал „Софийските метафори“ в продължение на няколко дни бяха в унгарската столица, за да участват в поетичен пленер, който завърши с поетично четене на 20 февруари. Това съобщи за рубриката „БГ Свят“ на БТА Светла Кьосева - главен редактор на двуезичното списание за култура и обществен живот „Хемус“.
По модела на уъркшоп „Софийските метафори“ двамата български поети, заедно с унгарските си колеги Дьорд Сонди - поет, преводач, издател и българист, Атила Сабо Палоц и Ксения Торнаи проведоха поетически пленер, по време на който написаха и преведоха стихотворения за емблематични за унгарската столица места – зала „Надор“ в Института на слепите в Будапеща и крепостта Вайдахуняд в градския парк.
Кулминация на събитието се състоя в Българския културен институт в Будапеща. На срещата с широката общественост „Стихове и етнокомпозиции с Петър Чухов и Иван Христов“ те свириха и представиха стиховете, написани по време на поетическия пленер из унгарската столица, отбеляза Кьосева.
„Целта на това гостуване е да насърчи връзките и взаимоотношенията между българските и унгарски творци“ – каза Теодора Станкова – директор на Международен поетичен фестивал „Софийските метафори“.
„И ако сме успели да заинтригуваме някои нови почитатели на „Софийските метафори“, които да станат участници в бъдещо издание на фестивала или наш верен приятел, то, мисията ни е повече от успешна“, добави тя. 

ЙОАНА КРЪСТЕВА
(БТА, 21. 02. 2025)
(BTA, 2025. február 21.)


Снимка: Светла Кьосева, сп. „Хемус“







2017. december 4., hétfő

Сања Атанасовска со ракописот „Стаклена градина“ ја доби книжевната награда „Ацо Караманов“

A macedóniai MKD (МКД) című portál beszámolót közöl az Aco Karamanov költészeti találkozóról.

*

КАРАМАНОВИ СРЕДБИ
Сања Атанасовска со ракописот „Стаклена градина“ ја доби книжевната награда „Ацо Караманов“

Деновиве Радовиш живееше и пулсираше во духот на 44-Караманови средби. Се чествуваше за големиот поет и револуционер Ацо Караманов, чиј живот прерано згасна пронижан од куршумите на фашистичкиот окупатор.

Свеченото отворање беше в петок, на 01 декември, со камерно-музичкиот настап на доајенот на македонската етно-музика и светски признатиот Драган Даутовски под наслов „Апокалиптикум“, за по нив да земат учество и членовите од балетското студио „Газели“ со нивниот дел под наслов „Жена воин“ во кореографија на Изабела Ангелова. Младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова преку стихови од Караманов ја „раскажаа“ - „Приказната Караманов“.
Честа да ги отвори Карамановите средби му припадна на претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев, во име на општина Радовиш која е покровител оваа манифестација.
Познатиот ликовен уметник Новица Трајковски пред публиката го откри портретот на Ацо Караманов, кој беше изработен на втората меѓународна радовишка ликовна колонија „Св.Георги“ - Ораовица, како подарок лично од него. Патем, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа изложени дела од учесниците на ликовната колонија.
Покрај портретот на Караманов „Карамановите средби“ добија и една бесценета донација од семејството на еден од нашите најголеми скулптори во историјата на македонската уметност - академик Томе Серафимовски. Општина Радовиш доби една мала колекција од три дела кои и по својата вредност и по својата симболика се голем поттик, конечно и најдостоинствено да му се оддолжи на вундеркиндот на македонската книжевност, на македонскиот Рембо - Ацо Караманов, т.е.да уреди еден меморијално-музејски простор посветен на Ацо Караманов, кој ,покрај музејскиот дел, за што Советот на „Карамановите средби“ веќе има и богат документарен материјал, ќе има и функција на истражувачки книжевен центар, кој во континуитет ќе работи за целосното откривање на делото на Караманов, чиишто дела се уште не се докрај пристапни на македонската книжевност, како и во сферата на преведувањето на поезијата на Караманов на неколку светски јазици со цел светот да знае за Ацо Караманов.
Семејството на академик Серафимовски на општина Радовиш подарија бронзени скулптури со ликовите на Блаже Конески, на Крсте П. Мисирков и Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. Пригоден збор притоа одржа една од ќерките на академик Томе Серафимовски, Соња Серафимовска. Во знак на благодарност, Караманови средби на семејството Серафимовски им подарија спомен апликација со ликот на Ацо Караманов изработена од нашиот познат уметник од Радовиш, Крсте Тарабунов.
Во продолжение на манифестацијата следеше поетскиот мозаик. На почетокот настапија еминентните поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија: Стојан Тарапуза, Вања Изова Велева, Борче Панов, Елена Пренџова, Игор Крајчев, Марина Мијаковска и Јовица Илиќ. Од битолскиот книжевен круг настапи поетесата Даниела Андоновска Трајковска.
Свое учество на „Карамановите средби“ имаа и поети од странство меѓу кои: Том Филипс од Велика Британија, Литов Намдагжанчивин од Монголија, Цабо Палоч Аила од Унгарија, Ерол Туфаи од Турција, Екатерина Григорова и Иван Христов од Бугарија, Петер и Мојца Андреј од Словенија и Миодраг Јакшиќ, Александра Радаковиќ и Наташа Радосављевиќ од Србија. На крајот од поетскиот мозаик свои песни прочитаа и младите поети од Радовиш Драгана Коцева и Маја Ужевска.
Овогодишна добитничка на веќе престижната книжевна награда „Караманов“ по распишаниот конкурс за избор и објавување на најдобар поетски ракопис во едицијата Караманов за 2017 е поетската книга со наслов „Стаклена градина“ на Сања Атанасовска.
„Карамановите средби“ продолжија и следниот ден со писателскиот портрет на македонскиот писател и поет Милован Стефановски од страна на Бранко Цветкоски, кој се одржа во ОНБ „Браќа Миладиновци“, за веднаш потоа во придружната манифестација „Поетски меридијани“ да се претстават поетите гости од странство.
„Карамановите средби“ завршија со средба на словенечкиот поет и кантавтор Петер Андреј и неговата сопруга, исто така поетеса, Мојца Андреј со млади поети и читатели од основните општински училишта „Крсте П. Мисирков“, „Никола Карев“ од Радовиш и „Коста Рацин“ од с. Подареш.

Ivan Hrisztov húsz képet tölt fel a Karamanov's Poetry Meetings № 44 / Караманови поетически срещи № 44 című Facebook-albumába








    

    



    

    


Mojca Andrej tizenkét fotót tesz közzé a Facebook-oldalán a radovisi Aco Karamanov találkozóról

A fényképek:

 






 



2017. december 3., vasárnap

Ivan Hrisztov egy Radovisban, az Aco Karamanov nemzetközi költészeti találkozón készült fotót tesz közzé a Facebookon

Завршија 44-те Караманови Средби – Многобројни активности од овогодишните „Караманови Средби”

Radovis község honlapja összefoglalót közöl abból az alkalomból, hogy véget ért az idei Aco Karamanov találkozó.

*

Завршија 44-те Караманови Средби – Многобројни активности од овогодишните „Караманови Средби”

Деновиве Радовиш живееше и пулсираше во духот на 44-Караманови средби. Се чествуваше за големиот поет и револуционер Ацо Караманов чиј живот прерано згасна пронижан од куршумите на фашистичкиот окупатор.

Свеченото отворање беше в петок на 1 декември со камерно-музичкиот настап на доајенот на македонската етно -музика и светски признатиот Драган Даутовски под наслов „Апокалиптикум“, за по нив да земат учество и членовите од балетското студио „Газели“ со нивниот дел под наслов „Жена воин“ во кореографија на Изабела Ангелова.
Младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова преку стихови од Караманов ја „раскажаа“„Приказната Караманов“.
Честа да ги отвори „Карамановите средби му припадна на претседатеот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчив, во име на општина Радовиш која е покровител оваа манифестација.
Познатиот ликовен уметник Новица Трајковски пред публиката го откри портретот на Ацо Караманов, кој беше изработен на втората меѓународна радовишка ликовна колонија „Св.Георги“-Ораовица, како подарок лично од него. Патем, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа изложени дела од учесниците на ликовната колонија.
Покрај портретот на Караманов „Карамановите средби“ добија и една бесценета донација од семејството на еден од нашите најголеми скулптори во историјата на македонската уметност-академик Томе Серафимовски. Општина Радовиш доби една мала колекција од три дела кои и по својата вредност и по својата симболика се голем поттик, конечно и најдостоинствено да му се оддолжи на вундеркиндот на македонската книжевност, на македонскиот Рембо-Ацо Караманов, т.е.да уреди еден меморијално-музејски простор посветен на Ацо Караманов,кој ,покрај музејскиот дел, за што Советот на на „Карамановите средби“ веќе има и богат документарен материјал, ќе има и функција на истражувачки книжевен центар, кој во континуитет ќе работи за целосното откривање на делото на Караманов, чиишто дела се уште не се докрај пристапни на македонската книжевност, како и во сферата на преведувањето на поезијата на Караманов на неколку светски јазици со цел светот да знае за Ацо Караманов.
Семејството на на академик Серафимовски на општина Радовиш подарија бронзени скулптури со ликовите на Блаже Конески, на Крсте П.Мисирков и Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. Пригоден збор притоа одржа една од ќерките на академик Томе Серафимовски, Соња Серафимовска. Во знак на благодарност, Караманови средби на семејството Серафимовски им подарија спомен апликација со ликот на Ацо Караманов изработена од нашиот познат уметник од Радовиш, Крсте Тарабунов.
Во продолжение на манифестацијата следеше поетскиот мозаик. На почетокот настапија еминентните поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија: Стојан Тарапуза, Вања Изова Велева, Борче Панов, Елена Пренџова, Игор Крајчев, Марина Мијаковска и Јовица Илиќ. Од битолскиот книжевен круг настапи поетесата Даниела Андоновска Трајковска.
Свое учество на „Карамановите средби“ имаа и поети од странство меѓу кои: Том Филипс од Велика Британија, Литов Намдагжанчивин од Монголија, Цабо Палоч Аила од Унгарија, Ерол Туган од Турција, Екатерина Григорова и Иван Христов од Бугарија, Петер и Мојца Андреј од Словенија и Миодраг Јакшиќ, Александра Радаковиќ и Наташа Радосављевиќ од Србија.
На крајот од поетскиот мозаик свои песни прочитаа и младите поети од Радовиш Драгана Коцева и Маја Ужевска.
Овогодишна добитничка на веќе престижната книжевна награда „Караманов“ по распишаниот конкурс за избор и објавување на најдобар поетски ракопис во едицијата Караманов за 2017 е поетската книга со наслов „Стаклена градина“ на Сања Атанасовска.
„Карамановите средби“ продолжија и следниот ден со писателскиот портрет на македонскиот писател и поет Милован Стефановски од страна на Бранко Цветковски кој се одржа во ОНБ„Браќа Миладиновци, за веднаш потоа во придружната манифестација „Поетски меридијани“ да се претстават поетите гости од странство.
„Карамановите средби“ завршија со средба на словенечкиот поет и кантавтор Петер Андреј и неговата сопруга ,исто така поетеса Мојца Андреј со млади поети и читатели од основните општински училишта „Крсте П.Мисирков“,Никола Карев “од Радовиш и „Коста Рацин“ од с.Подареш.

Текст-Репортажа:
Проф. Томе Постолов