A következő címkéjű bejegyzések mutatása: tom_edward_phillips. Összes bejegyzés megjelenítése
A következő címkéjű bejegyzések mutatása: tom_edward_phillips. Összes bejegyzés megjelenítése

2017. december 3., vasárnap

Завршија 44-те Караманови Средби – Многобројни активности од овогодишните „Караманови Средби”

Radovis község honlapja összefoglalót közöl abból az alkalomból, hogy véget ért az idei Aco Karamanov találkozó.

*

Завршија 44-те Караманови Средби – Многобројни активности од овогодишните „Караманови Средби”

Деновиве Радовиш живееше и пулсираше во духот на 44-Караманови средби. Се чествуваше за големиот поет и револуционер Ацо Караманов чиј живот прерано згасна пронижан од куршумите на фашистичкиот окупатор.

Свеченото отворање беше в петок на 1 декември со камерно-музичкиот настап на доајенот на македонската етно -музика и светски признатиот Драган Даутовски под наслов „Апокалиптикум“, за по нив да земат учество и членовите од балетското студио „Газели“ со нивниот дел под наслов „Жена воин“ во кореографија на Изабела Ангелова.
Младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова преку стихови од Караманов ја „раскажаа“„Приказната Караманов“.
Честа да ги отвори „Карамановите средби му припадна на претседатеот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчив, во име на општина Радовиш која е покровител оваа манифестација.
Познатиот ликовен уметник Новица Трајковски пред публиката го откри портретот на Ацо Караманов, кој беше изработен на втората меѓународна радовишка ликовна колонија „Св.Георги“-Ораовица, како подарок лично од него. Патем, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа изложени дела од учесниците на ликовната колонија.
Покрај портретот на Караманов „Карамановите средби“ добија и една бесценета донација од семејството на еден од нашите најголеми скулптори во историјата на македонската уметност-академик Томе Серафимовски. Општина Радовиш доби една мала колекција од три дела кои и по својата вредност и по својата симболика се голем поттик, конечно и најдостоинствено да му се оддолжи на вундеркиндот на македонската книжевност, на македонскиот Рембо-Ацо Караманов, т.е.да уреди еден меморијално-музејски простор посветен на Ацо Караманов,кој ,покрај музејскиот дел, за што Советот на на „Карамановите средби“ веќе има и богат документарен материјал, ќе има и функција на истражувачки книжевен центар, кој во континуитет ќе работи за целосното откривање на делото на Караманов, чиишто дела се уште не се докрај пристапни на македонската книжевност, како и во сферата на преведувањето на поезијата на Караманов на неколку светски јазици со цел светот да знае за Ацо Караманов.
Семејството на на академик Серафимовски на општина Радовиш подарија бронзени скулптури со ликовите на Блаже Конески, на Крсте П.Мисирков и Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. Пригоден збор притоа одржа една од ќерките на академик Томе Серафимовски, Соња Серафимовска. Во знак на благодарност, Караманови средби на семејството Серафимовски им подарија спомен апликација со ликот на Ацо Караманов изработена од нашиот познат уметник од Радовиш, Крсте Тарабунов.
Во продолжение на манифестацијата следеше поетскиот мозаик. На почетокот настапија еминентните поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија: Стојан Тарапуза, Вања Изова Велева, Борче Панов, Елена Пренџова, Игор Крајчев, Марина Мијаковска и Јовица Илиќ. Од битолскиот книжевен круг настапи поетесата Даниела Андоновска Трајковска.
Свое учество на „Карамановите средби“ имаа и поети од странство меѓу кои: Том Филипс од Велика Британија, Литов Намдагжанчивин од Монголија, Цабо Палоч Аила од Унгарија, Ерол Туган од Турција, Екатерина Григорова и Иван Христов од Бугарија, Петер и Мојца Андреј од Словенија и Миодраг Јакшиќ, Александра Радаковиќ и Наташа Радосављевиќ од Србија.
На крајот од поетскиот мозаик свои песни прочитаа и младите поети од Радовиш Драгана Коцева и Маја Ужевска.
Овогодишна добитничка на веќе престижната книжевна награда „Караманов“ по распишаниот конкурс за избор и објавување на најдобар поетски ракопис во едицијата Караманов за 2017 е поетската книга со наслов „Стаклена градина“ на Сања Атанасовска.
„Карамановите средби“ продолжија и следниот ден со писателскиот портрет на македонскиот писател и поет Милован Стефановски од страна на Бранко Цветковски кој се одржа во ОНБ„Браќа Миладиновци, за веднаш потоа во придружната манифестација „Поетски меридијани“ да се претстават поетите гости од странство.
„Карамановите средби“ завршија со средба на словенечкиот поет и кантавтор Петер Андреј и неговата сопруга ,исто така поетеса Мојца Андреј со млади поети и читатели од основните општински училишта „Крсте П.Мисирков“,Никола Карев “од Радовиш и „Коста Рацин“ од с.Подареш.

Текст-Репортажа:
Проф. Томе Постолов
















2017. november 30., csütörtök

Во Радовиш по 44. пат „Караманови поетски средби“

A macedón nemzeti hírügynökség, a MIA (Македонска Информативна Агенција) előzetest közöl a radovisi Aco Karamanov költészeti találkozóról.

*

Во Радовиш по 44. пат „Караманови поетски средби“

Радовиш, 30 ноември 2017 (МИА) - И оваа година, во чест на првиотмодерен македонски поетАцо Караманов, по 44. пат ќе се одржат „Карамановите поетски средби“,кои традиционално се одржуваат во Радовиш, родниот град на Караманов.
Програмата ќе почне денеска воОпштинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ со промоции на книги од роднокрајните писатели Павлина Коѓевец и Ерол Туфан. Ќе бидат промовирани поетските книги „Камчето од Вардар“ од Ерол Туфан и „Боите боемика јас“ од Павлина Кошевец. Промотор и на двете книги ќе биде познати македонски поет Борче Панов.
Претседателот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчиев, утре во рамки на централната манифестација ќе ги прогласи за отворени средбите.
Програмата содржи ликовна изложба од Втората радовишка меѓународна ликовна колонија „Св. Георгиј“, по која присутните ќе можатда ги проследат настапите на модерното балетско студио „Газели“кое ќе се претстави со темата „Women warrior“ по кореографија на Изабела Ангелова, а потоа и настапот на младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова,кои ќе презентираат стихови од Ацо Караманов.
Ќе настапи и светски познатиотмакедонски музички уметник Драган Даутовски со неговиот камерно-музички настап „Апокалиптикум“ во чест на Ацо Караманов.
На Поетски мозаик со поетски карван на Друштвото на писателите на Македонија ќе настапат десетина еминентни македонски поети,како и десетина познати европски поети од Англија, Унгарија,Словенија,Србија, Бугарија и Турција,како и мод далечната Монголија.
На крајот од централната манифестација,Советот на Карамановите поетски средби ќе ја додели и традиционалната книжевна награда „Карманов„ за најдобра поетска книга за автори до 35 години,којашто годинава, во конкуренција на петнаесетина поети ја доби поетесата Сања Атанасовска за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.
Во овој дел одПрограмата ќе биде промовиран и уметнички портрет со ликот на Ацо Караманов изработен одмакедонскиотликовен уметник Новица Трајковски, а ќе се доделат и три вредни бронзени скулптури со ликовите на македонските книжевни великани Блаже Конески, Крсте ПетковМисирков и КирилПејчиновиќ изработени од врвниотмакедонски скулптор, академик Томе Серафимовски.Скулптурите се дар од страна на семејството на академик Серафимовски како прилог во уредувањето на меморијалниотцентар посветен на Ацо Караманов.
Карамановите поетски средби ќе продолжат и во сабота со книжевниот портрети на познатиотмакедонски писател Милован Стефановски за чијшто писателски опус ќе зборува познатиотмакеодонски поет и книжевен критичар Бранко Цветковски,како и книжевни преставувања на поетите гости: Том Филипс од Англија, Палоц Цапо Атила од Унгарија, Петер Андреј и Мојца Андреј од Словенија, Миодраг Јакшиќ и Александра Радаковиќ од Србија, Иван Христов и Екатерина Григорова од Бугарија, Ерол Туфан од Турција и Литов Намдагжанчивин од Монголија.
Средбите ќе завршат со книжевната средба на кантавторот и поет за деца од Словенија - Петер Андреј со младите поети од општина Радовиш.

нд/скс/13:24

A macedóniai Radovisban még a hivatalos kezdés előtt megtartják az Aco Karamanov találkozó nyitó programját

A teljes program:


 

2017. november 26., vasárnap

Промоции, концерти и изложби во чест на Ацо Караманов ќе се случуваат во Радовиш

A macedóniai MKD (МКД) című portál közli az Aco Karamanov költészeti találkozó programját.

*

ПОЕТСКИ СРЕДБИ
Промоции, концерти и изложби во чест на Ацо Караманов ќе се случуваат во Радовиш

Во чест на првиот модерен македонски поет Ацо Караманов, по 44 пат ќе се одржат „Караманови поетски средби“, коишто традиционално се случуваат во Радовиш – родниот град на Караманов.

Оваа година програма ќе почне на 30 ноември во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ со промоции на книги од роднокрајните писатели Павлина Кошевец и Ерол Туфан, кога ќе бидат промовирани поетските книги „Камчето од Вардар“ од Ерол Туфан и „Боите боемика јас“ од Павлина Кошевец. Промотор и на двете книги ќе биде македонскиот поет Борче Панов.
Во рамките на централната манифестација на 44. „Караманови поетски средби“ на 01 декември, која ќе се случува во ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“, за отворени, средбите ќе ги прогласи претседателот на Советот на општина Радовиш – Коле Чаракчиев.
Програмата на свеченото отворање во себе ќе содржи ликовна изложба од Втората радовишка меѓународна ликовна колонија „Св. Георгиј“, по која присутните ќе можат да ги проследат настапите на модерното балетско студио „Газели“, кое ќе се претстави со темата „Women warrior“ по кореографија на Изабела Ангелова, а потоа и настапот на младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова, кои ќе презентираат стихови од Ацо Караманов.
Посебна атмосфера на свеченото отворање пред поетскиот митинг ќе се даде со настапот на светски познатиот макеодонски музички уметник Драган Даутовски со неговиот камерно-музички настап „Апокалиптикум# во чест на Ацо Караманов.
На Поетски мозаик со поетски карван на Друштвото на писателите на Македонија ќе настапат десетина еминентни македoнски поети, како и десетина познати европски поети од Англија, Унгарија, Словенија, Србија, Бугарија и Турција.
На крајот од централната манифестација, Советот на „Караманови поетски средби“ ќе ја додели и традиционалната книжевна награда „Караманов“ за најдобра поетска книга за автори до 35 години, којашто годинава, во конкуренција на петнаесетина поети, ја доби поетесата Сања Атанасовска за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.
Воедно, во овој дел од Програмата на 44. „Караманови поетски средби“ ќе биде промовиран и уметнички портрет со ликот на Ацо Караманов, изработен од познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, а посебен куриозитет ќе биде и доделувањето на три вредни бронзени скулптури со ликовите на македонските книжевни великани Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков и Кирил Пејчиновиќ изработени од врвниот македонски скулптор, академик Томе Серафимовски. Скулптурите се дар од страна на семејството на академик Серафимовски како прилог во уредувањето на меморијалниот центар посветен на Ацо Караманов.
Карамановите поетски средби ќе продолжат и на 02 декември со книжевниот портрет на познатиот македонски писател Милован Стефановски, за чијшто писателски опус ќе зборува познатиот македонски поет и книжевен критичар Бранко Цветковски, како и книжевни преставувања на поетите гости: Том Филипс од Англија, Палоц Цапо Атила од Унгарија, Петер Андреј и Мојца Андреј од Словенија, Миодраг Јакшиќ и Александра Радаковиќ од Србија, Иван Христов и Екатерина Григорова од Бугарија, Ерол Туфан од Турција и Литов Намдагжанчивин од Монголија.
Сите овие книжевни претставувања, Советот на средбите ги организира во знакот на големиот јубилеј - 60 години од основањето на општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш. Средбите ќе завршат со книжевната средба на кантавторот и поет за деца од Словенија – Петер Андреј со младите поети од Општина Радовиш.