2017. november 26., vasárnap

Промоции, концерти и изложби во чест на Ацо Караманов ќе се случуваат во Радовиш

A macedóniai MKD (МКД) című portál közli az Aco Karamanov költészeti találkozó programját.

*

ПОЕТСКИ СРЕДБИ
Промоции, концерти и изложби во чест на Ацо Караманов ќе се случуваат во Радовиш

Во чест на првиот модерен македонски поет Ацо Караманов, по 44 пат ќе се одржат „Караманови поетски средби“, коишто традиционално се случуваат во Радовиш – родниот град на Караманов.

Оваа година програма ќе почне на 30 ноември во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ со промоции на книги од роднокрајните писатели Павлина Кошевец и Ерол Туфан, кога ќе бидат промовирани поетските книги „Камчето од Вардар“ од Ерол Туфан и „Боите боемика јас“ од Павлина Кошевец. Промотор и на двете книги ќе биде македонскиот поет Борче Панов.
Во рамките на централната манифестација на 44. „Караманови поетски средби“ на 01 декември, која ќе се случува во ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“, за отворени, средбите ќе ги прогласи претседателот на Советот на општина Радовиш – Коле Чаракчиев.
Програмата на свеченото отворање во себе ќе содржи ликовна изложба од Втората радовишка меѓународна ликовна колонија „Св. Георгиј“, по која присутните ќе можат да ги проследат настапите на модерното балетско студио „Газели“, кое ќе се претстави со темата „Women warrior“ по кореографија на Изабела Ангелова, а потоа и настапот на младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова, кои ќе презентираат стихови од Ацо Караманов.
Посебна атмосфера на свеченото отворање пред поетскиот митинг ќе се даде со настапот на светски познатиот макеодонски музички уметник Драган Даутовски со неговиот камерно-музички настап „Апокалиптикум# во чест на Ацо Караманов.
На Поетски мозаик со поетски карван на Друштвото на писателите на Македонија ќе настапат десетина еминентни македoнски поети, како и десетина познати европски поети од Англија, Унгарија, Словенија, Србија, Бугарија и Турција.
На крајот од централната манифестација, Советот на „Караманови поетски средби“ ќе ја додели и традиционалната книжевна награда „Караманов“ за најдобра поетска книга за автори до 35 години, којашто годинава, во конкуренција на петнаесетина поети, ја доби поетесата Сања Атанасовска за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.
Воедно, во овој дел од Програмата на 44. „Караманови поетски средби“ ќе биде промовиран и уметнички портрет со ликот на Ацо Караманов, изработен од познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, а посебен куриозитет ќе биде и доделувањето на три вредни бронзени скулптури со ликовите на македонските книжевни великани Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков и Кирил Пејчиновиќ изработени од врвниот македонски скулптор, академик Томе Серафимовски. Скулптурите се дар од страна на семејството на академик Серафимовски како прилог во уредувањето на меморијалниот центар посветен на Ацо Караманов.
Карамановите поетски средби ќе продолжат и на 02 декември со книжевниот портрет на познатиот македонски писател Милован Стефановски, за чијшто писателски опус ќе зборува познатиот македонски поет и книжевен критичар Бранко Цветковски, како и книжевни преставувања на поетите гости: Том Филипс од Англија, Палоц Цапо Атила од Унгарија, Петер Андреј и Мојца Андреј од Словенија, Миодраг Јакшиќ и Александра Радаковиќ од Србија, Иван Христов и Екатерина Григорова од Бугарија, Ерол Туфан од Турција и Литов Намдагжанчивин од Монголија.
Сите овие книжевни претставувања, Советот на средбите ги организира во знакот на големиот јубилеј - 60 години од основањето на општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш. Средбите ќе завршат со книжевната средба на кантавторот и поет за деца од Словенија – Петер Андреј со младите поети од Општина Радовиш.


Nincsenek megjegyzések:

Megjegyzés küldése