*
НАЈГОЛЕМА МУДРОСТ –
Е МОЛЧЕЊЕТО!
Милица Паулус
Биди мудар
и зборувај,
само,
кога ќе треба
да се надмудруваш.
Во суштина,
кога молчиш,
никогаш не грешиш,
не провоцираш
и најважното,
напаѓачот го игнорираш.
Кавга бива,
само со двајца.
И, ако дојде ред,
за повторна средба
со напаѓачот,
со чисто лице
ќе го гледаш ,
ништо не си кажал.
Да зборуваш во ефект,
исто е лошо
и неконтролирано.
Ако мислиш,
нема ништо да се смени
со збор- молчи.
Ако си сигурен,
разговорот не влијае
врз особа или ситуација- молчи.
Во тажни моменти,
кажуваш работи,
за кои отпосле,
може ќе се каеш - молчи.
Понекогаш ,
и добронамерни работи,
може да повредат личност,
со силни емоции.
Во високо емоционални
ситуации - молчи.
Ако се довериш,
некому нешто,
ќе си слушнеш- молчи.
И, уште многу,
ред други работи и ситуации.
Кавгата,
не решава проблеми,
а зборот,
што ќе го искажеш,
не се повлекува,
и не може да правиш ,
како да не си го изрекол.
ЗАТОА, БИДИ МУДАР
И МОЛЧИ!
(Facebook, 2023. július 10.)
Nincsenek megjegyzések:
Megjegyzés küldése